Инфо - Вест

Момчето што ја закла баба си во Драчево ќе биде сместено во психијатриска установа


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од Кривичниот законик.
Лицето се товари дека на 10.12.2018 година, во состојба на непресметливост, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка. Тој и нанел повеќе убодни рани со нож, а една засецна рана во пределот на вратот довела до брзо губење крв и била смртоносна. Извршителот потоа сам се пријави во полициска станица и призна дека ја лишил од живот неговата баба.

Предлогот за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување на сторителот во здравствена установа се темели на наодите од прибавениот вешт наод и мислење од вешто лице од областа на психијатријата. Со овој наод се констатира дека обвинетиот во моментот на извршување на делото бил во состојба на непресметливост како резултат на акутно психичко растројство поради трајна душевна болест.

соопштение ЈО