Судови

Чавков не бара амнестија адвокатот Миланов поднел и за себе


Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, не поднел барање за амнестија, потврди неговиот адвокат Сашко Дукоски. Појасни дека Чавков ќе ја докажува својата одбрана и невиноста пред судот бидејќи законот за Амнестија е селективен и е наменет само за дел од обвинетите.

Во судот стигнало и барање за амнестија на адвокатот Еленко Миланов, за кое судијката Кацарска искоментира дека не е дел од обвинетите , но сепак во треката со времето и зафатеноста на Миланов со многу предмети се случил и ваков превид.

За Амнестијата конечниот збор ќе го има судијакат Добрила Кацарска иако таа тврдеше дека Кривичниот совет на судот треба да носи одлука. Но нејзиниот шеф Иван Џолев сметка дека токму тој што го суди предметот треба да пресече за амнестијата.

До судот се испратени вкупно 64 барања за амнестија и за други предмети поврзани со настаните од 27 април кои веке се и со прависилни пресуди.