Време - Невреме

Скопје е разбуди задушено во магла и загаденост


Скопје утринава се разбуди во магла и екстремна загаденост на возухот. Според АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Д. Капија, Велес – Штип, Велес – Катланово, од 10 – 20 метри на патниот правец Скопје – Тетово и од 30 – 50 метри на патниот правец Тетово – Гостивар..

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.