Моја приказна

ФОТО од денешното тепање во автобус на ЈСП


ЈСП Скопје информираше дека е запознаено со денешниот инцидент кој се случил меѓу патник и двајца контролори во автобус на линија 2 во Сарај кон Центар, неколку минути после пладне, а кој за кусо време ги преплави социјалните мрежи.

„Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР. Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор.

Патникот, според Внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР.

Во случајов, и Внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка.

ЈСП Скопје сака да потенцира дека не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид“, велат од ЈСП Скопје.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *