Регион

Рама доби јајце во глава


Седницата на Собранието на Албанија денеска кратко е прекината откако пратеникот од опозициската Демократска партија Ендри Хаша, со јајца го гаѓаше премиерот Еди Рама, кој во костум со кравата и бела кошула беше на говорницата.

Во очекување претседателот на парламентот Грамоза Ручи да интервенира, Рама мораше да ја напушти седницата.

Фотографијата на која се гледа како Хаша го гаѓа со јајца Рама ја објави поранешниот премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *