Инфо - Вест

Ченто во судница: “Вие да ми судите , селективна амнестија не прифаќам”


Денеска обвинетиот Јане Ченто за настаните од 27 април се обрати до Судот:

“Со оглед на овој предмет кој е многу тежок, и за вас како судии и за нас како обвинети, морам да му кажам на Судот да има во предвид покрај законот што го донесоа политичките елити, лично јас а се надевам и другите обвинети ќе ме поддржат за ова што ќе го кажам. Сакам вие, а не политичките елити да не судат.Во завршна фаза сме.
Сите, претпоставувам најмногу вие сакате да се дознае вистината за 27 април и за тие немили настани.
И сите што сме влегле во Собрание, понесени од емоции, треба да сносиме одговорност.
Сепак, поентата ми е дека вие, исклучиво вие и никој друг нема право да не суди, а не пак да не помилува за дело кое не сме го сториле.
Имам целосна доверба во Вас и вашите одлуки. Да им покажеме на сите дека судската власт е независна.
Во завршни зборови имам многу што да кажам.Сакам да кажам дека треба Вие да ми пресудите а не политичките елити, за тоа што сум виновен. Да знаете вие и македонската јавност, јас барање за амнестија нема да поднесам, и одам до крај за целосно откривање на вистината и за правда.”
Нему му се приклучи и Игор Југ.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *