Инфо - Вест

Лазаревски и Костовски се враќаат во МВР


“Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.
За професионалците секогаш ќе има место во МВР.”

Оваа вест на својот профил на социјалните мрежи ја објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки.
Лазаревски и Костовски останаа без своите работни места откако беа уапсени за изнесување прилушкувани материјали од МВР. Беа притворени судени а едниот по признание и спогодба одлежа затворска казна.

Лазаревски сведочеше пред извесно време во еден од случаите на СЈО и детално раскажа зошто и како биле изнесени разговорите. Двајцата вработени знаеле дека се прислушкува нелегално и масовно без соодветна процедура. СОбраните материјали ги предале на Зоран Верушевски, по што беа објавени бомбите.