Инфо - Вест

Со 95 гласа за изгласан Законот за Амнестија


Законот за Амнестија за настаните од 27 април пред малку Собранието го изгласа со 95 гласа ЗА ниту еден против или воздржан. Законот го поддржа и ВМРО -ДПМНЕ.

Сега останува обвинетите од овој предмет да достават до судот барање за амнестија и во рок од пет дена да се одлучи кој ќе биде амнестиран. Од законот се изземени насилство и оние кои носеле оружје.