Судови

Законот за амнестија ќе важи пет дена


Со него нема да бидат опфатени организаторите, оние кои носеле оружје, службените лица кои сториле кривично дело, како и оние кои физички ги нападнале пратениците.

Законот за амнестија ќе важи 5 дена. Оние кои сакаат да бидат амнестирани ќе мораат да поднесат барање за амнестија во рок од 5 дена од носењето на законот.

Со тоа тие нема да имаат можност да докажат дека се невини во судска постспка. Законот се очекува во текот на денот да биде објавен на веб страната на Собранието и по тоа да се најде пред пратениците. Се очекува да биде изгласан пред да биде донесена пресуда од судот.