Време - Невреме

ФОТО: Кон Смоквица смрзнат автопат , на Ѓавато извртени камиони


Патниците кои утринава тргнале на пат известуваат дека патиштата по обилните врнежи од снег воопшто не се исчистени ниту пак виделе механзација да работи на патот. На автопатот Демир Капија Смоквица се вози со 30 километри на час бидејќи коловозот е прекриен со смрзнат снег. Информации пристигаат и од преминот Ѓавато каде исто така коловозот е замрзнат а патниците сведочат дека на страна стојат паркирани излизгани камиони.

АМСМ извести дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правeц Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, а забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Тетово – Попова Шапка и крак Маврово – Дебар се укинати.

Сообраќајот според АМСМ на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *