Судови

Нинџа нуди 115 снимени разговори за крвавиот четврток


Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат изнесени пред судот, но без присуство на јавноста. Како што рече тој, станува збор за 115 аудиоснимки и 20 фотографии.

,,За поткрепа на мојот исказ даден пред овој судечки совет на моето предавање на 11.06 2018 година, до Обвинителството за организиран криминал доставив листа на докази од кои неколку УСБ-уреди со 115 аудиоснимки и 20 фотографии. Барам обвинителката Рускоска да ги предаде на судот истите да ги слушаме по можност со исклучување на јавноста”, рече Василевски.

На ова обвинителката Ивана Трајчева рече дека засега не може да се произнесе за овие докази и дека не знае дали овие докази се во обвинителството.

,,Не можам да се произнесам за овие докази, не ја знам содржината на истите, но од она што кажа Василевски можам да заклучам дека станува збор за докази што биле предложени во истражната постапка и доколку е така, обвинетиот имал можност истите да ги предложени по давање на обвинителниот акт”, рече Трајчева.

Судијката Добрила Кацарска изјави дека Советот дополнително ќе се произнесе за предлогот на Александар Василевски – Нинџа, односно дали доказите ќе бидат прифатени, а обвинителството да изврши проверка и доколку физички се таму, со писмен поднесок веднаш да бидат доставени до судот.

Адвокатката на Нинџа, Елеонора Јанковиќ, по завршување на рочиштето изјави дека не знае точно за какви докази станува збор.

На аеродромот во Скопје е уапсен тетовец кој се барал за издржување на затворска казна. Денешната расправа се одложи за 20 декември, поради декласификација на доказите за Митко Чавков кои треба да бидат доставени од МВР.

извор: Makfax