Инфо - Вест

Третата жртва до превртениот автобус е жена од Кавадараци, возачот во притвор


Идентификувана е и третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Тоа е 63-годишната В.К од Кавадарци. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.

Во Србија се уште се води истрага за сообраќајната несреќа, а возачот на автобусот со струшки регистарски таблички, е во притвор.

Во несреќата се повредени 32 лица. Шестмина сериозно повредени лица по вчерашната трагична сообраќајна несреќа кај Лесковац се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, а осум полесно повредени се на лекување во болницата во Лесковац.

Кај двајца пациенти со тешки повреди на главата и на ’рбетниот столб здравствената состојба се следи и можни се нови хируршки интервенции. Сите останати се во стабилна состојба и потребно е повеќедневно следење на состојбата, по што со помош на македонските здравствени служби, сите ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.

Останатите дванастемина лесно повредени патници и двете деца кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“ во Лесковац, синоќа организирано беа префлени во Македонија.

Патниците кои патуваа од повеќе градови во Македонија за Виена со превозникот „Еуро бус“ од струшко Велешта, беа претежно македонски печалбари, а во моментот на несреќата сите спиеле.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *