Инфо - Вест

Охридските бродари ги вклучија сирените , се збогуваа со градоначалникот Стојановски


Со петминутно вклучување на бродските сирени и спуштени знамиња ,бродската Флотата на Охридското Езеро му оддаде последна почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

Од езерската шир бродарите облечени во поморска облека по наредба на капетанот на Езерската Капетанија, Горан Устијановски со салутирање и вклучување на сирените се збогуваа со градоначалникот Стојаноски.

Денеска е погребот на починатот градоначаник и ден на жалост во Охрид.