Судови

Отец Пимен : Јас бев “шарениот владика”, Бетмен никогаш не планирал насилство


Отец Пимен сведок на Богдан Илиевски познат како Бетмен, денеска во судница изнесе само позитивни и убави зборови за обвинетиот. Откри дека се запознале преку социјалните мрежи и се споиле заради лична правдина.

Отец Пимен кажа дека него го нарекувале и „шарениот владика“, појаснувајќи дека овој епитет го добил откако им дал поддршка на ставовите на Шарената револуција.

„Кај Богдан се јави интимна потреба за лична исповед и го познавам многу длабоко. Цело време беше во истиот дух и убеденост, а сето тоа го правеше без паричен надомест и без намера за напредок во кариерата“, сведочеше отец Пимен. Сведокот го пофали Богдан Илиевски и за тоа како успевале на протестите „За заедничка Македонија“ да го смируваат народот, а и за тоа дека го собирале ѓубрето по завршување на протестите.

Отец Пимен рече дека се сретнал со обвинетиот и ден по крвавиот четврток и дека Илиевски му кажал дека треба да си го вратат угледот и дека намерата не им била да се влезе во Собранието.

На прашања на Игор Југ дали шарената револуција и палењето на канцеларијата на Претседателот не е акт на теторизам отец Пимен кажа дека не знае што е пропишано со законите но знае дека никогаш оние кои протестирале За подобра Македонија немале намера да влегуваат во Собрание и да прават насилство.