Судови

Мијалков си ги прислушкувал братот и сопругата?


Управата за безбедност и контраразузнавање ги прислушувала и Александра Мијалкова, сопруга на обвинетиот ексдиректор на Управата Сашо Мијалков и неговиот брат Влатко, тврди сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување.

Ова го откри сведокот откако обвинителот побара да појасни што значи сензитивни таргети кои тој ги напоменал во текон на претходното сослушување.

– Кога спомнав сензитивни таргети, мислев на два таргета, едниот беше Влатко Мијалков, брат на ексдиректорот Сашо Мијалков, другиот беше Александра Мијалкова, сопругата на Сашо, одговори сведокот Лазаревски, по што првообвинетиот Сашо Мијалков изреагира со остар поглед кон сведокот и одмавна со главата покажувајчи реакција на негирање.

За масовното нелегално прислушување обвинети се и избеганиот Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, избеганиот Никола Бошковски – Прскач и шестмина вработени од УБК. Една обвинета призна вина и доби условна казна.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *