Моја приказна

Со два прозори три деца се спасија од смрзнување во трошна куќа во Битола


Два прозори го затворија го сопреа студот да влезе во куќата на мајка со три деца во Битола која живее во распадната куќа.

– Бевме во посета на Битола каде, по пријава на една наша сестра од Х.О. Утешител, посетивме едно семејство на кое му беше потребна помош. Благодарение на братот Дарко Јосевски кој ни донираше два прозора, успеавме да стоплиме три ангелчиња. Однесовме и храна, хиг. средства, како и покуќнина (тросед, двосед, фотеља, тепих, шпорет за дрва…) на кои тие се израдуваа. Благодарност и до братот Bobi Jordanovski (ОЛИШПЕД) кои, како и секогаш, но помогнаа со превозот. Бог да ве благослови сите!!! напиша Отец Оливер Петровски еден од најголемите хуманисти во Македонија.

Оние кои го познаваат семејството велат дека благодарение на хуманата акција трите деца ке се стоплат но не само до прозорците туку и од пеќката за греење. Децата поради студот биле постојано настинати но состојбата барем малку им е подобрена. Сега е ставен и тепих на голиот под, добија делумно и мебел и помуќнина, како и шпорет на дрва. Сепак за оваа мајка и трите дечиња повторно ќе треба да им се помогне а донациите може да се достават во хуманитарната организација Свети Спас.