Моја приказна

Пино се уште го нема ! Исчезнат !


Момчето кое вчера се изгуби без трага и глас а неговата мајка околку полноќ почна и по социјалните мрежи да бара помош се уште не е пронајдено. Се вика Пино Секондо. Родителите му живеат во Италија.

Последни информации се дека момчето се допишувало наводно со девојка од Тетово. Со себе имал два телефони кои не се вклучени од вчера. Излезен е со автомобил бела шкода со регистарски таблички ск1566ап.

Момчето е исчезнато повеќе од 30 часа , а мајката очајно бара помош , разочарана од полицијата. “Тоа што македонската полиција го прави е нечуено, вели дека не знае и нема право да го бара по телефонот. Сите сме прислукувани ама само кога им одговара. Јас сум мама на Пино!!!”, напиша Маја Трпковска.

Деновиве Пино бил пресреќен учекувајки ги родителите да дојдат од странство после подолго време. Тој требало да ги пречека но му се губи секоја трага.

Неговите блиски велат дека не бил ниту коцкар, ниту користел наркотци. Бил сосема нормално момче со прекрасни родители со мајка голем хуманист и донатор.

Телефонскиот број на мајката Маја е ‭078246917‬.
На автомобилот на Пино на левата страна има знаме од Европа и Македонија и пишува Демиркапија Смоквица!