Инфо - Вест

Kривична пријава против министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу


Финансиската полиција поднесе кривична пријава против актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и против неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра.

Кривични пријави заработија и поранешна советничка во министерството за локална самоуправа, но и службеничка одговорна за спроведување на ИПА Оперативната програма помеѓу Македонија и Бугарија. Иако редовно вработени во Министерството, двете службенички преку четири договори како дополнително ангажирани лица, добиле хонорари во вкупен износ од 2,2 милиони денари.

Вечера финансиската полиција поднесе кривични пријави против поранешните министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралев кои се осомничени дека пред девет години, кога се склучил договорот за реконструкција на домот на АРМ во Охрид за потребите на универзитетот за информатички технологии го оштетиле буџетот за околу 80 илјади евра.