Инфо - Вест

Заев : Можна делумна амнестија само за 27ми, општа нема да има


Премиерот Зоран Заев потврди дека во наредниот период не се планира носење на закон за општа амнестија. Се разговара само за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, но, како што наведе, исклучувајќи ги сите оние кои учествувале во насилството, организацијата или биле осмислувачи.

Тој потврди дека добил писмо од осудениците од Затворот во Идризово дека ќе штрајкуваат со глад, доколку се донесе амнестија само за учесниците од настаните од 27 април, од страна на телото за помирување.

-Се разговара за Закон за амнестија за настаните од 27 април, но исклучувајќи ги сите оние кои учествувале во насилството, организацијата или биле осмислувачи на ваквите громорозни настани. Не се работи за општа амнестија. Македонија донесе закон за општа амнестија, Парламентот тоа го направи пред неколку месеци. Неможе ниту една современа држава на секи шест или девет месеци да носи Закон за амнестија. Праксата во светот е општи закони за амнестија да се носат на секое четири до осум години. Така да 30 отсто од тоа што е дозволиво да се амнестира насекаде во Европа беше дозволено и во Македонија. Парламентот ја донесе одлуката преку еден нов закон за амнестија и тоа е веќе спроведено. Во наредниот период нема да има општ Закон за амнестија, изјави Заев.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *