Зад решетките

Затворениците во Идирзово денеска ќе го враќаат лебот и храната


Штрајк со глад во Идризово. Вчера затворениците најавија со писмо објавено, а адресирано до директорот на установата. Тие се решени два дена да штрајкуваат со глад со та што ќе го вратат лебот и храната што се дели во затворот.

Затворениците по најавите дека е можна амнестија за обвинетите во настаните од 27 ми април побарале од Владата и тие да бидат опфатени со апмнестијата. Бараат и за оние кои се осудени на доживотен затвор да им се корегираат казните соодветно на европските закони.

Неофицијално се зборува дека е можна нова поголема амнестија во јануари, но како и за решавањето на амнестијата или начинот на простување за крвавиот четврок и за ова прашање нема конкретни ниту активности ниту одговори од надлежните институции.

Предупредувачкиот штрајк ќе трае два дена. Потоа затворениците најавуваат протести на нивните семејства пред Владата.