Разно

Новата Мис Свет е Мис Мексико


Мексиканската волонтерка Ванеса Понс де Леон е прогласена за Мис Свет на гламурозната вечер на кинескиот остров Хајнан. Круната ѝ ја врачи ланската победничка, Индијката Мануши Чилар.

Дваесет и шестгодишната Де Леон има дипломирано меѓународен бизнис, работи како волонтер за организација која им помага на мигранти и е во управниот одбор на центар за рехабилитација на девојки.

Првата придружничка доаѓа од Тајланд, 20-годишната Николин Пичапа Лимснукан, а втора придружничка е Мис Белорусија, Марија Василевич.