Инфо - Вест

Почина првиот дипломиран лекар во Макеоднија


Во 91 година од животот утрово, почина велешанецот д-р Цветко Арсов, првиот завршен дипломиран доктор на Медицинскиот факултет во Скопје. Судбината сакаше да замине по само еден месец откако почина и неговата сорпуга Петрана.

Бил во првата група од шест завршени студенти, кои пред Новата 1954-та година ги добиле првите дипломи на медицински факултет на македонски јазик, за доктори по медицина. Медицинскиот факултет се формирал во мај месец 1947-ма година а започнал со работа, со студирање на први ноември 1947 година. Ректор на Скопскиот универзитет бил д-р Марин Каталиниќ, декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Зденко Крижан и двајцата од Загреб. Наставата ја посетувале во бараки. За една година со силни напори на власта биле изградени повеќе амфитеатри, институти, по што предавањата за тогашни услови се одвивале во најмодерни услови.

Се ушело од книги од Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, како стари факултети со реноме, бидејќи немало македонски книги по медицина. Во прва година биле запишани 130 студенти.

Роден е 1927 година во месноста Читкушева чешма, тогаш центарот на Велес. Биле пет деца, тројца браќа и две сестри. Најстариот брат Благој завршил за електро –инжињер, средниот брат Велко исто доктор интернист.

Првите дипломци на медицинскиот факултет од Скопје 1932-тата се шестмина: д-р Цветко Арсов педијатар, д-р Тодор Стојчевски интернист, д-р Никола Поп Стефанов велешанец очен лекар кој се преселил во Париз, и тројца починати д-р Сунчица Апостолова, д-р Тaки Сулејмани и д-р Димитар Ивановски.