Разно

ВИДЕО: Ципрас: Ќе ставам вратоврска ако ми ја подари Путин


по средбата на двајцата лидери во Москва, Ципрас не носеше вратоврска, туку бела кошула со разлабавена јака. Путин имаше вратоврска.

Грчки новинари го прашаа Ципрас зошто не го исполнил ветувањето дека ќе почне да носи вратоврска ако неговата партија победи на парламентарните избори и ако проблемот со огромниот грчки јавен долг биде решен.

„Јас веќе го исполнив тоа ветување, кога победив (во спорот со долгот). Но многу брзо ја тргнав вратоврската, бидејќи таа е јазол околу вратот на грчкиот народ. Тоа е симбол. Сепак, ако господинот Путин ми даде таков подарок, на следниот состанок јас ќе го носам“, кажа Ципрас.

Грчкиот премиер, како и многу други членови на левичарската влада на Грција, од принцип не носи вратоврски, па дури ни на официјални настани. Пред вонредните парламентарни избори Ципрас им вети на новинарите дека ќе почне да носи кравати кога ќе се најде решение за грчкиот проблем и кога Грција ќе ги исплати долговите. Потоа европските политичари почнаа да му подаруваат вратоврски.