Судови

Нинџа открива : Паравоен штаб на ВМРО -ДПМНЕ диктираше со настаните на 27 април


Сведочење на Нинџа за крававиот 27 април :

-На 27 април дојдоа Никола Митревски – Кољо и други обвинети. Ми се јави директорот (на УБК) Атанасовски. Ми рече да ја следиме состојбата во Собрание, му кажал и на Јане Ченто. Во 17 часот дојде мојата сопруга. Тоа време имав контакт и со Сашо Мијалков. Ми рече, дојди во базата. Базата ни беше хотелот ’Мериот‘. Ме викнаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Влегов од под земја. По навика, мислев Сашо е таму. Немаше обезбедување. На крајот на катот има сала. Кога влегов во салата, видов други луѓе. Сашо не беше таму. Пред мене беше парамилитарниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ: Билјана Бришковска Бошковски, Спире Ристовски, Кире Божиновски, Миле Јанакиески, Чавков Митко“, сведочи Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Како се гледаше „ТВ Нова“ на телевизор така се даваa наредби: Билјана Бришкоска комуницираше со Трајко Вељаноски, Миле и Спире со Бетмен, Чавков комуницирал со Ивица Вучевски и Митко Пешов. Билјана Бришкоска-Бошковски се лутеше дека пратениците не си ја завршиле работата. Пратена беше насока до пратениците да ги отворат собраниските врати. Дојде директорот на УБК Владимир Атанасовски…

сведочењето се уште трае