Судови

Мијалков останува во притвор


Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и тој останува во истражниот затвор во Шутка.

Судиите оцениле дека постои опасност Мијалков да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка, кој му одреди притвор за случајот „Империја“.

Нему превично му беше одреден притвор за масовното прислушување, но потоа СЈО побара укинување на притворот за „Таргет – тврдина“ и судот на барање на СЈО му одреди 30-дневен притвор за случајот „Империја“.