Инфо - Вест

НОВА ТВ: Гинекологот Дамчевски наместо во затвор работи во Бугарија


Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија. Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1, 6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од 8 години.

Додека македонските правосудни органи и МВР се уште проверуваат каде е, НОВА го пронајде во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“. Таму Дамчевски слободно закажува термини и прегледува и лекува пациентки открива novatv.mk

НОВА во потрага по Дамчески, за да провери дали навистина работи во Медицинскиот центар закажа термин за преглед, преку бугарска државјанка, која се приклучи на нашата истрага. Но, договорениот термин, за денеска(среда) во 9 часот и 20 минути, не се реализираше, бидејќи беше само потврда дека Дамчевски навистина работи и прегледува таму.

целата сторија на novatv.mk