Инфо - Вест

Напнато во Бутел , ЕВН обвинува за напади, граѓаните тврдат кафе вареле на струјаџиите, 150 куќи три дена без струја


Приодите кон Бутел се блокирани од локалното население кое бара ЕВН итно да пушти струја оти три дена се без елекрична енергија. Дел од куќите се под општина Бутел, но останатиот дел се под општина Шуто Оризари. Од ЕВН тврдат дека поради зголемената потрошувачка на енергија трафостаницата има проблеми кои треба да се санираат. Тврдат дека нивните работници биле нападнати од локално население.

Од друга страни жителите пак велат дека и кафе им давале на струјаџиите, но дефектот се уште не е отстранет. Од ЕВН апелираат граѓаните да ги остават да работат оти по горењето на каблите и осигурачите може да се случи и поголем дефект од кој овој крај на градот би останал со недели во темница.

Состојбата со оваа трафостаница е аламантна оти голем број жители од овој реон живеат во дивоградби и се вклучени на електричната енергија на диво. ЕВН жителите и општините преговараат како да се надмине проблемот, а до тогаш крстосницата кај кружнит тек пред Бутел останува блокирана.