Разно

„Жолтите елеци“ победија – цените на горивото нема да се зголемат


Француската влада подготвува суспендирање на растот за таксите за горивото, вели извор од владата за Ројтерс.

Одлуката доаѓа по неколку протести одржани ширум Франција. Во Париз за викендот беше особено бурно. Уапсени се неколку стотици демонстранти кои во градот на Елисејските полиња направија голема штета која економијата ќе ја чини милиони евра.

Протестите на „Жолтите елеци“ почнаа на 17 ноември и се фокусираа на затегнувањето на буџетот со нови такси кои претседателот Емануел Макрон ги воведе на дизелот.