Судови

ФОТО : Судски предмети се шетаат со количка


На фотографијата која е позајмена од адвкат кој ја направил утринава пред скопскиот Основен суд 2 во Скопје се судски предмети кои се носат од еден во друг суд. Ова е честа глетка судски предмети во колички или службеници натоварени со неколку дебели папки да се шетаат од судовите до Апелација или Врховен. Во ерата на модерната технологија на скенирање докумантација и пракање по електронски пат судовите се уште се дават во тони потрошена хартија и тонер. Затоа и не е чудно кога жалба или некој документ од Основните судови патува до Апелација или Врховен со денови.