Зад решетките

ЕКСКЛУЗИВНО: Куршум за притвореник најден во јакна во затворот Шутка


Куршум скриен во јакна која требало да ја добие притворник во истражниот затвор Скопје во Шутка бил пронајден при претрес на пратка наменета за притвореникот. Се работи за притвореник суден за теоризам и дел од најопасните од групата од Диво Насеље. Нему на капија блиски луѓе му донеле облека како што се носи вообичаено пакет , облека или храна. Но при детална проверка бил пронајден куршумот. Истрагата утврдува зошто притвореникот од Диво Насеље требало да добие куршум.

Во Шутка се случи и уште еден инцидент повторно поврзан со луѓе од случајот Диво Насеље. При рутниски претрес и проверка на соба притворениот Валдет Зекај го нападнал полицаецот кој си ја вршел работата. Зекај важи за опасното крило во случајот. Бунтовник кој и во текот на судскиот процес правеше тензии во судница. Дојден од Косово за одбрана на народот, сведочеше во случајот:
„Зошто вие ми судите мене? Зар нема обвинители Албанци? Нема судии Албанци? Не ме интересира вашето обвинение, јас не го признавам тоа, тука сум за да се борам за мојот народ. Не измами ОБСЕ, не сакав да се предадам и секој ден се каам што не сум меѓу моите паднати другари, многу не малтретирале и забите ми ги скршиле. Можев да убијам многу полицајци, но не го сторив тоа бидејќи се сомневав дека се Албанци и гледав како нивниот командир се криеше зад нив и ги принудуваше да ни се доближуваат“, кажа пред судот Валдет Зекаj кој е осуден на доживотен затвор.

На доживотна казна затвор за војната во Куманово се осудени и Анди Красниќи, Фејзулаки Фадуљ, Насув Бекири, Бек Бајра, Фејзула Руштими и Дем Шеху. Пресдуата не е правосилна.
Осудени се вкупно 33 лица, од кои 7 на доживотен затвор 13 лица на 40 години, 6 на 20 години, едно лица на 18 години затвор, две на 14, едно на 12 и три на 13 години затвор.
За четири лица судот донесе ослободителна пресуда затоа што обвинителството не успеало да докаже дека освен основано сомнение има и друго дело.
За шеснаесет од осудените судот донесе одлука за трајно протерување од државата.

на фотографијата е осудениот Валдет Зекај