Судови

Одземен мобилниот на Јанколоска


Почетокот на денешното рочиште за случајот ,,Титаник”, започна со нова пракса во судот.
На обвинетите денеска за прв пат им беа одземени мобилните телефони, и истите ќе им бидат вратени по завршувањето на закажаното рочиште. Обвинетите бурно реагираа меѓусебно,но и до судот.
Обвинетата Гордана Јанкуловска прва реагираше со зборовите:
,, Шо е ова со телефониве…Шо ќе прајме сега”?.
На ова судијата Осман Шабани и возврати:
,,Ќе се навикнете”.