Инфо - Вест

Угро: “Стари, фала за се и збогум”, почина Слободан Угриновски , лидерот на Титови леви сили


Слободан Угриновски , претседател на Титови леви сили починнал синоќа. Веста ја објави неговиот син Угро , кој напиша дека Угриновски починал ненадејно. Погребот ќе биде утре на гробиштата Бутел. Стари фала за се и збогум , напиша на својот профил Угро.

Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.