Регион

Од 5 до 10 години затвор за петмина Срби за претепување на Американец на Закинтос, не им се судеше за убиство


Петмина Срби се осудени казна затвор од 5 до 10 години за нанесување тешки телесни повреди на Американецот Баркли Хендерон во јули лани на грчкиот остров Закинтос, од кои тој почина. Осудени се за кривично дело нанесување тешки телесни повреди, а не за убиство како што бараше обвинителсвото.
Највисока казна од 10 години доби Душан Ранковиќ, а Милош Илич, Стефан Стојменович и Немања Ристиќ по девет години, како млади полнолетници. Најмала казна од пет години му е изречена на Милош Сениќ.
За случката Амир Омарџиќ англиски државјанин со босанско потекло осуден е на 15 години затвор.
На оваа пресуда право на жалба има во рок од два месеци и може да се жалат и осудените и грчкото обвинителство.
Адвокатите на осудените задоволни од пресудата оти не им се судело за убиство, а според грчките закони по остлужување на третина од казната можат да бидат пуштени на условен отпуст.
Исто така бидејќи се млади полнолетници ним притврот им се пресметува поинаку. Односно еден ден се брои како за два и влегува во затвроската казна.