Фото

ВИДЕО: Шекеринска во Кабул


“Денеска им посакавме во име на цела Маедонија здравје, успех и среќни и задоволни да се се вратат кај семејствата. Тие многу вложуваат со своето учество во мировните мисии. Очекуваме дека тоа ќе се врати во смисла на поголема стабилност на државата, но и во смисла на нашето членство во НАТО”, изјави Радмила Шекеринска министерката за одбарана која беше во посета на нашите војници во Кабул.
Освен министерката Шекеринска, во македонската делегација во базата на аеродомот во Кабул беа и пратениците Фросина Ременски, Трајчо Димков и Реџаиљ Исмаили.
Вчера во главниот авганистански град се случи самоубиствен напад во кој загинаа 55 лица, а над 70 се повредени. Нападот беше насочен врз религиозна церемонија на која учествуваа стотици авганистански теолози.
Македонскиот контингент во „Одлучна поддршка” брои вкупно 49 припадници на АРМ.