Инфо - Вест

Македонија ќе бара поништување на азилот за Груевски


Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека унгарскиот правен систем дозволува таква постапка и појасни дека според правните легислативи на Унгарија , ако екс премиерот не добие унгарско државјанство или трајно жителство, неговата дозвола ќе биде ставена на разгледување по истекот на три години.

– Унгарските закони се доста рестриктивни и дури даваат и можности за отповикување на дадена одлука за азил, така што Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил. Исто така, гледајќи го унгарскиот закон, оние кои добиваат азил, доколку во исто време не добијат државјанство, или трајно жителство, нивната одлука за азил се преиспитува, по службена должност на секои три години. Значи, доколку Груевски не добие државјанство, тогаш неговата одлука дури и во овој случај не биде преиспитана по барање на Владата, би требало според унгарските закони да биде преиспитувана на секои три години, појасни .Рената Дескоска – Министерка за правда.

Дескоска потенцираше дека министрството очекувало оти унгарските власти прво ќе дадат предност на правото на азил, а потоа на прашањето за екстрадиција. Таа рече дека досега со Унгарија немало проблеми кога станувало збор за екстрадиција, а така очекува дека ќе биде и овој пат.

Со добивањето на азилот Груевски се отвора прашањето дали тој ќе може слободно ќе може да се движи и надвор од територијата на Унгарија.

Во конкретниот случај доколку Груевски евентуално ја напушти територијата на Унгарија и отиде во некоја друга држава таму ќе треба да бара азил и ако му дадат азил во ред, ако не, ќе може да биде екстрадиран. Така да Груевски со тоа решение со тој акт на Управата за азил на Унгарија може да се движи само на просторите на Унгарија, никако надвор од тие простори.

Вчера македонската влада преку соопштение изразија очекување дека Унгарија ќе овозможи враќање на Груевски во земјава со цел да си ја отслужи казната затвор, и да одговара за останатите дела за коишто е обвинет. Од таму потенцираа дека против поранешниот премиер не бил воден никаков политички прогон, ниту пак имало закани по неговиот живот.