Разно

Научник од НАСА со предупредување: Не чека најстрашното смрзнување


Научник од НАСА предупредува дека не чека најстрашното смрзнување од кога постои земјава затоа што Сонцето влегува во еден од своите минимуми кој носи рекордно ниски температури.

Сончеви пеги немаше претходниве месеци годинава, а ултравиолетовото зрачење нагло и опадна. Новите истражувања покажаа дека најгорните слоеви на земјината атмосфера реагираат и големите студови со рекордно ниски темпратури допрва доаѓаат. Трендот на заладување е очигледен – изјавил Мартин Млинчек од НАСА при истражувачкиот центар “Ленгли”.

Високо над земјината површина нашата атмосфера ја губи топлинската енергија. Ако сината површина како тренд продолжи, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да бидат рекордно студени, најстудени во космичката ера. Овие податоци ги открил инструментот познат како “Сајбер”, на НАСА сателитот “Тајмд” кој ја прати емисијата на јаглероден диоксид (ЦО2) и азотоксид (НО), две супстанци кои играат клучна улога во енергетскиот биланс на воздухот од 100 до 300 километари над површината од нашата планета.

Мерењето со инфрацрвено зрачење на овие молекули, “Сајбер” може да ја утврди топлотната состојба на гасот на самиот врв на земјината атмосфера, односно во слојот кој научниците го именуваат како термосфера.

– Термосферата секогаш се лади во текот на сончевиот минимум и тоа е еден од најважните начини на кои 11-годишниот сончев циклус влијае на нашата планета- објаснува Млинчак.
Како единаесетгодишниот циклус на сончевите промени се приближува кон крајот термосферата е близу до тоа да биде рекордно ладна. Според Млинчек тоа би можело да се случи за неколку месеци.

извор: https://www.nasa.gov/socialmedia