Време - Невреме

Кашасти коловози , забрана за камиони кон Деве Баир , но и неподготвени возачи


Синоќа имаше многу проблеми на одредени планински превои но не толку од снегот колку и од неподготвеноста на возачите кои се уште тргнуваат на пат со летни гуми. Таквите несовесни возачи направија голем застој на Стража.

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка од 25 сантиметри, а во Лaзарополе – 18 сантиметри. Снег има и во Крушево, Попова Шапка (17 сантиметри), Тополчани,Претор, Битола, Берово…

Најмногу дожд наврна во Битола, Гевгелија, Претор и Демир Капија. Најстудено беше во Маврово: – 2 степени и Прилеп : – 1 степен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег на коловозот.Забрана за товарни возила има на патниот правец Делчево према граничен премин Делчево и патниот правец Крива Паланка-ГП-Деве Баир

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

извор: UHMR AMSM