Инфо - Вест

Скандал: Учениците во Битола остануваат без превоз!


Основното јавно обвинителство од Битола води нова истрага во врска со петгодишните договори за линискиот превоз, односно бесплатниот школски превоз потпишани со Општина Битола.

Веста за апла.мк ја потврди обвинителката Лиле Талевска од ОЈО во Битола, но не даде дополнителни информации во интерес на истрагата.

-Да, има такво нешто, но во таа насока јавноста ќе има официјални и прецизни информации за многу скоро, односно за кратко време обвинителство ќе излезе со соопштение, потврди за апла.мк обвинителката Талевска.

Договорите што Општина Битола и училиштата ги потпишале со превозниците се со важност до 2020 година.

Неофицијално директорите на училиштата кои се опфатени со овие договори им ги враќаат фактурите на превозниците, бидејќи после 31 јули 2018 година според одлука на Советот на Општина Битола учениците спаѓаат во категоријата патници и важат истите цени како за секој друг патник односно граѓанин, додека училиштата во тие договори плаќаа цени за превоз на учениците повеќекратно повисоки, отколку за другите патници, граѓаните.

Според наши сознанија директорите на училиштата отфатени со петгодишниот договор одбиваат да ги плаќаат фактурите со цел да не го оштетат буџетот на Општина Битола.

На подрачјето на поголем дел од општините, општинскиот линиски превоз го вршат приватни превозници врз основа на петгодишна дозвола за вршење на општински линиски превоз издадена согласно член 19 од Законот за превоз во патниот сообраќај и во рамки на општинскиот линиски превоз истите вршат превоз и на ученици од основните и средните училишта.

Со изгласаните измени на овој Закон се одбегнува спроведување на постапки за јавни набавки кои се со неизвесен исход и при кои вообичаено се добиваат цени кои се повисоки од пазарните цени, што е спротивно на целта на водењето на постапки за доделување на договори за јавни набавки, а притоа вршењето на услугата бесплатен превоз на ученици по цени утврдени со тарифен систем од страна на советите на општините и Советот на Град Скопје во рамки на општинскиот линиски превоз и по цени утврдени од самите превозници во рамки на меѓуопштинскиот линиски превоз кои не се повисоки од цените за останатите патници, реално би ги рефлектирале пазарните цени.

текстот и фото се целосно превземени од апла.мк

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *