Разно

Шилегов пушти еко автобус со бугарски таблички ?


Во Скопје веќе подолго време се возат автобуси на струја кои се дел од мерките за борба против загадувањето. Но никому не му е јасно ниту надлежните даваат одговор зошто овие автобуси возат со бугарски регистарски таблички?

Автобустите сеедно чија и да се сопственост не смее да сообраќаат со туѓи таблички а на нив да има лого од град Скопје и лого на ЕВН државна компанија.

Еко автобустите се одлична идеа за намалувањето на загадувањето во Скопје кое оддамна го надмина границите на толеранција и е сериозна опасност за жителите, но зад мерките против загадувањето Град Скопје и спонзорите не смее да ги прекршат законите.

Дали нешто смрди на изгорено ќе почекаме одговор од Град Скопје и ЕВН, но и од сообраќајната полиција. Досие.мк акцијата целосно ја поддржува и се залага за поголеми субвенции за автомобили или мотори на електричен погон , но бугарските таблички на овој автобус го поставуваат прашањето од каде е купен како е донесен и кој дозволил да се вози низ градот.

Одговорите и одговорноста ги бараме од градоначалникот Петре Шилегов.