Инфо - Вест

По бегството на Груевски Миле Јанакиески и Кирил Божиновски во притвор


На барање на СЈО, Кривичниот суд донесе одлука на поранешните, генерален секретар на владата и на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Божиновски и министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да им одреди 30 дена мерка притвор, заради опасност од бегство.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Гриевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк”. По него е распишана меѓунардона потерница.