Судови

Кривичен: Судот не е виновен за бегството на Груевски !


Во однос на обвинувањата упатени до судот поврзани со предметот, од обвинителството означен како „Тенк“, ја информираме јавноста дека судот согласно законските одредби, неможе само иницијативно да определува мерка притвор освен ако не се утврди дека од определено лице не се почитувни претходно определни поблаги мерки за обезбедување. Потребно е да се напомене дека во конретниот предмет, од поднесување на обвинителниот акт па се до изрекување на првостепената пресуда, надлежното обвинителство во ниту еден момент не побара определување построга мерка, како мерка притвор, за обвинетиот Никола Груевски, што пак не беше пример со првообвинетиот за кого обвинителството при изрекување на првостепната пресуда предложи, а судот веднаш определи мерка притвор до правосилноста на пресудата. Дополнително, за обвинетиот Груевски, во предметот од обвинителството означен како „Титаник“, од страна на судот му беа определи мерки за претпазливост односно обврска еднаш месечно да се јавува во судот, што доследно беше почитувана од негова страна. Па така судот во никој случај не можел да определи построга мерка.

Дополнително на обвинетиот му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош кои сеуште се наоѓаат во судот, а сите опредлени мерки против истиот беа потврдени и од повисокиот – Апелациониот суд.

Затоа во никој случај неможе да се согласиме со обвинувањата дека судот е виновен за евентуалното бегство на обвинетиот, дотолку повеќе што МВР и по наредба на обвинителството или по служебна должност, доколку утврди дека истото е неопходно, може да презмеме мерки за обезбедување на одредено лице.

Во однос на евентуално распишување меѓународна потерница, во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека истиот се наоѓа во Будимпешта, и за тоа го извести судијата за извршување санкции, судијата веднаш ќе издаде наредба за распишување на меѓународна потерница.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

соопштение: Кривичен суд