Инфо - Вест

Мијалков: Не знам каде е Груевски


Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник 2“ изјави дека не знае каде се наоѓа експремиерот.

Вчера Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Груевски откако судскиот курир од петокот и не го најде на домашната адреса за да му го врачи решението за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.

Вчеравечер полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот во Скопје, но внатре не најдоа никој. Откако Груевски не беше пронајден на домашна адреса, полицијата се упати кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде се претресуваа сите автомобили што излегуваа од гаражите.

фото: DW P.Stojanov