Фото

МВР го стави Груевски на листата потерници


Полицијата пред малку на сајтот на кој има посебен дел каде се ставени слики и објави за лица кои се бараат со потерница го стави и Никола Груевски. Од попладнево за него има потерница и тоа национална што значи се бара на целата територија на државата. Полицијата го бараше дома но не го најде потрагата на сите полициски сили е активна.

Ова е за прв пат на поглавјето ПОТРАГИ да се најде поранешен премиер на државата , кој е осуден на две години затвор за влијание за набавка на блиндиран мерцедес за потребите на Владата.