Инфо - Вест

Број за пријавување загадувачи во Скопје


Бројот 193 е број на скопскиот инспекторат кој денеска повторно е објавен на ФБ страната на инспекторатот на кој граѓаните може да пријават загадувач во градот Скопје. Доколку видат или почувтствуваат дека некој загадува со палење несоодветен материјал или опасен веднаш може да пријави на бројот 193 и службите ќе реагираат.
На оваа објава стигнаа различни реакции од граѓаните. “Нека дојдат нека прошетаат низ Лисиче после 5 сите ќе ги најдат”, пишуваат граѓаните.
Има и такви кои веќе го употребиле овој начин на пријавување и се задоволни.
“Кампања на ФБ и на ТВ зашто луѓево појма немаат кај да пријават и немаат никаква доверба дека ако пријават ќе се раегира.
Треба да се охрабрат сите да пријавуваат. Јас имам позитивно искиство пријавив палење кабли реагираа за 5мин.
Треба исто нон стоп патроли и надзор со дрон и одма ќе се види кај има густи чад има ј диво палење.
Исто треба да се биде на чисто и да се појасни, дали можеме да пријавуваме комшии кој бутаат се и сешто во ќумбињата”, пишуваат скопјани.