Инфо - Вест

Бензините 4.5, а дизелот поевтин за три денари


Според Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија која е задолжена за конверзија на светските проценти во наши, од утре за нафтените деривати ќе плаќаме во просек за 5,54%. Така, заради намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за 9,06% и референтните цени на дериватите – на бензинот во просек за 8,33% а на дизелот за 3,66%, и покрај поскапувањето на доларот за 0,214% цената на еуросупер БС-95 се намалува за 4,50 денари за литар во однос на досегашната, на еуросупер БС-98 за 4, а на Еуродизел Д-Е V за 3 денари за литар.
Од утре ќе се плаќа 67 денари за бензинот, 69 за оној од 98 октани и 64,50 денари за дизелот.