Инфо - Вест

ВИДЕО : Апокалиптични сцени од Калифорнија


Chilling video of a brave young lady coming down Kanan Dume Road toward the valley when she ran into a wall of fire 🔥 and thought she was going to get burned alive! Despite screaming and praying 🙏🏾 she kept driving and survived. We hear from her tonight on eyewitness news

Posted by Leo Stallworth on Friday, November 9, 2018

Остатоци од уште 14 жртви се пронајдени во и околу градот Перaдајз, како и две тела во Малибу, со што бројот на загинати во катастрофалните пожари во Калифорнија се зголеми на 25.

Перaдајз, планинско гратче на околу 145 километри од Сакраменто, е целосно уништен во пожарот кој избувна во петокот и властите кажаа дека идентификацијата на телата ќе биде исклучително тешка.

Во градот се уништени околу 6.700 објекти, вклучувајќи домови и бизниси, додека огнот истовремено зафати површина од 42.500 хектари. Најавено е и дополнително засилување на ветерот, што ќе создаде екстремни услови за ширење на огнот.

Шерифот на Бат Каунти, Кори Хонеа, изјави дека 110 луѓе се водат како исчезнати и ги предупреди жителите да не се двоумат околу евакуацијата.

Низ Калифорнија моментално има 15-ина активни пожари.