Инфо - Вест

СЈО бара притвор за Камчев


СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски и за Цветан Панделески, дознава „Фокус“ од сигурни извори.

Четворица од осомничените веќе се во Кривичниот суд, а секој момен во судот се очекува да биде донесен и Камчев, по што се очекува во текот на ноќта да им биде извршен распит од судија на претходна постапка кој ќе одлучи дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди друга мерка на претпазливост.

Како што дознаваме, СЈО инсистира на притвор поради опасност од бегство и влијание на осомничените врз сведоци. Исто така во обзир го земале и фактот што дел од нив имаат двојни државјанства и голема имотна сотојба.

Од СЈО денес информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, информираа од СЈО.

информацијата е превземена во целот од порталот фокус.мк