Инфо - Вест

Собранието денеска закажа седница за одземање на мандатот на Груевски


Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски е ставен на дневниот ред на пленарната собраниска седница како последната 20-та точка. Седницата според објавата на интернет страницата на Собранието, е закажана да почне во 11 часот.
Пред два дена собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.
Одлуката беше изгласана со пет гласа „за“ од деветчлената собраниска Комисија. Неизвесно е дали две третини од пратениците ќе го поддржат предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.
Поранешниот премиер е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во истовреме се чека Кривичниот суд да одлучува по жалбите на неговите адвокати на одлуката на судијата за зивршување санкции кој одби да му го одложи отслужувањето затворска казна. Одлуката треба да се знае најдоцна до понеделник.