Инфо - Вест

Жалбите на адвокатите го одложија одењето на Груевски во затвор


Порадни поднесени жалби од сите адвокати но се чека и лична жалба од Никола Груевски за одлагање на издржување затвроска казна, тој денеска нема да замине во Шутка. Кривичниотсовет има право да одлучува три дена па може одлуката да ја донесе или утре но и понеделник.

Според упатниот акт, тој требаше најдоцна до денеска да се пријави во затворот.

Од Судот велат дека рокот за поднесување на жалбите истекува денеска, а досега почнале да пристигаат поединечните жалби на сите адвокати од тимот на Груевски, а се чека и личната жалба од него, по што ќе почне да тече рокот од три дена во кој Кривичниот совет ќе треба да одлучи дали ќе го одложи издржувањето на казната.

Ова е предвидено во членот 91 од Законот за извршување на санкциите.

Каква одлука и да биде донесена, Груевски ќе може да се жали и до Врховниот, откако предметот ќе биде комплетиран во Кривичниот суд. Меѓутоа, овој процес нема да го одложи евентуалното влегување во затвор на експремиерот Груевски.