Моја приказна

Поранешно Чао во Скопје сега lounge бар “Umbrella” , прв вработи лица со попреченост


Новиот Lounge бар „Umbrella” (во ГТЦ), е прв угостителски објект во Македонија што доминантно има вработено лица со попреченост. Овој кафе бар ќе им овозможи на оваа група граѓани, преку работа, активно да се вклучат во социјалниот живот и притоа да обезбедат личен приход. Општина Карпош има востановена пракса за поддршка на лицата со попреченост, преку градење на соодветна инфраструктура за нив, (пристапни рампи и сл.), и давање на еднократна парична помош во текот на годината, по повод Светскиот ден на лицата со попреченост (3. декември).